Македонија
18. April 2025 - 16:43
Црквите во Охрид преполни со верници
Балканскиот Ерусалим во очекување на големиот верски празник Велигден исполнет со гости. Црквите се преполни со верници како домашни така и од странство кои денеска на Велики петок, најтажниот ден во христијанството, се поклонуваат и поминуваат под плаштеницата која го симболизира Христовиот гроб, оставаат црвени јајца, се молат и палат свеќи за здравје.
Граѓаните ги посетуваат храмовите и се подготвуваат за свечената трпеза .
Инаку за продолжениот Велигденски празничен викенд најбројни се домашните и гостите од нашето соседство но не изостануваат ни оние од подалечните земји.
Голема посетеност во храмовите се очекува да има и во текот на утрешниот ден кога на полноќ ќе биде објавена радосната вест за Воскресението Христово.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->