Македонија
11. December 2024 - 16:49

ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''

Екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски се уште не е достапен за полицијата но МВР не откри дали го лоцирале каде се наоѓа и дали е распишана потерница по него. Министерот Тошковски ги отфрли шпекулациите дека Ковачевски се откажал од македонското државјанство. Според обвинителството како дел од акцијата „Адитив“ тој се сомничи за несовесно работење во службата . 

Со лисици на раце во суд беше донесен екс директорот на ЕСМ Васко Стефанов кој вчера сам се пријави и беше приведен на граничниот премин Табановце. Од кривичен соопштија дека за 8 лица меѓу кои е Стефанов, одредена е мерка 30 дневен притвор, за еден од нив куќен притвор. Останатите 13 лица добиле мерки на претпазливост. Иако обвинителството побарало мерки за претпазливост и за Ковачевски, за него судот ќе одлучува откако ќе биде обезбеден од органите на прогонот. 

Министерот Тошковски вели ова е најголема ваква акција спроведена за тежок криминал. Само вчера биле направени 30 претреси и запленети се 220 000 евра. Целиот имот и се што ќе биде запленето најави дека ќе биде конфискувано. Истрагата укажува на уште поголема штета со оглед дека се што набавувале било како по цена на злато и тоа во услови на енергетска криза. 

Според министерот, во овие постапки имало фингирани понуди а она што било набавено воопшто не било искористено во ТЕЦ Осломеј, во РЕК Битола употребени биле само пет отсто и истите веројатно нанеле поголеми штети во работниот процес на блоковите. 

Освен двајцата екс директори на ЕСМ кои се познати во јавноста, меѓу осомничените се и поранешни директори на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино а има и менаџери на приватни компании.