ОЈО отвори предмет за набавката на софтверот на Рашковски
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“.
– Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од ОЈО.
Од Обвинителството, посочуваат дека во меѓувреме, откако се издадени наредбите, Министерството за внатрешни работи до обвинителството доставило известување во врска со нивното постапување во случајот.
Ново на Сител
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба
-
Се санираат штетите од невремето во Тетово
-
Скопје ги сумира штетите од невремето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Комуналните претпријатија на обука за имплементација на Скада системот
-
Анализа: Дали Руската православна црква е инструмент за спроведување на политиките на Путин?