-->
-->
ОЈО: Освен примање пари, постои основано сомнение дека дел од професорите барале и сексуални услуги
-->
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повеќемесечна оперативна обработка на податоци, прибра докази до степен на основано сомнение за сторени кривични дела со коруптивна природа каде оштетени се студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, објави ОЈО.
Осомничени се осум лица од кои шест се универзитетски професори, еден демонстратор и еден управител на бифе во универзитетскиот комплекс. Лицата се сомничат за сторени повеќе кривични дела за кои ќе се одлучува по спроведената истрага. Освен примање пари, постои степен на основано сомнение дека дел од професорите барале и извршување сексуални услуги заради полагање на испит.
Како што соопшти ОЈО, во текот на вчерашниот ден при преземените дејствија за прибирање докази по издадената Наредба за претрес, еден од професорите е затечен инфлагранти во извршување на кривично дело – примање на поткуп од 1.000 евра, додека за останатите се обезбедени докази во изминатиот период.
Во моментот предметот е во предкривична постапка. Надлежниот јавен обвинител ја прима кривичната пријава и врши оценка за потребата за примена на мерки за обезбедување на присуство на лица и предмети во текот на постапката, по што ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за која јавноста навремено ќе биде информирана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Словенија
-
МВР: Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот со отстранувањето на македонското знаме од Кораб
-
Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на Кораб | ВИДЕО
-
Стано: Цел на дијалогот Белград-Приштина е нормализација на меѓусебните односи
-
МНР: Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации
-
Од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскап за половина денар
-
Муцунски се сретна со унгарскиот амбасадор Клаин
-
Аврамовска Мадиќ: Пристигнат само еден приговор, волјата на членовите на СДСМ е јасно и недвосмислено изразена