-->
-->
Охриѓанец без основно образование со фалс диплома за средно се вработил во Судот
-->
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ѓ.(40) од село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,„повреда на права од работен однос” и продолжено кривично дело „фалсификување исправа” и „поттикнување“.
Пријавениот, кој немал завршено основно образование, со цел обезбедување на документи за вработување на работно место со повисока стручна спрема, поттикнал непознато лице да му набави фалсификува исправа.
Откако лицето му набавило фалсификувана албанска диплома за завршено средно образование, ја употребил на конкурс за вработување објавен во 2014 година, врз основа на кој се вработил во Основен суд Охрид на работно место „судски правен референт“ со надомест на плата од 16.000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија