Македонија
29. May 2018 - 10:38

Охридско 18 сантиметри над дозволениот максимум

Нивото на Охридско Езеро е 18 сантиметри над дозволениот максимален водостој, додека на Дојранското 15 сантиметри.
 
Според денешните хидролошки мерења, реките не бележат поголеми отстапувања од месечниот просек, освен Црна кај Новаци чие ниво е преполовено.