СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
Опозициската СДСМ со остри критики до власта по првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.. Под слоганот, „Македонија понижена“, партијата со неколку трибини од партискиот штаб ја оценуваше работата на владата.. Екс министри, високи партиски функционери и лидерот на партијата, ги анализираа политиките на владејчакото мнозинство.. Според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, наместо горда како што најавувала ВМРО-ДПМНЕ, по една година од презематањето на власта, државата е понижена и несигурна..
Зголемена инфлација, плати кои повеќе не растат, зголемен криминал, контролирано правосудство беа само дел од забелешките на опозицијата за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.. Обвинија дека никогаш досега државата не била повеќе задолжена во период од една година..
Според Филипче, стагнира и процесот на ЕУ интеграција.. Ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на позициите не биле остварени, па како што вели, власта не сакала да ја види државата во европското семејство.. Филипче тврди дека јазикот и идентитетот веќе биле потврдени со францускиот предлог, па ветувањата на власта за нивно зајакнување ги смета за пропаганда..
Премиерот и прв човек на ВМРО-ДПМНЕ, пак смета дека најголемото понижување, Македонија го имала со власта предводена од СДСМ.. Во изминатата година од преземањето на власта, владата работела на затворање на дупките направени од нивните претходиници.. Пораснале пензииите, платите на просветните и здравственитет работиници, се инвестирало во инфраструктурни проекти.. Според Мицкоски, опозицијата страдала од Стокхолмски синдром, а настанот под слоганот „Македонија понижена“ го гледа како брендирање на опозицската СДСМ..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар