Охридскиот регион и неговиот статус на дневен ред на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО
Расправата за статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО се очекува денеска да се најде на дневниот ред на годинешната 44. Сесија на Комитетот за светско наследство при Организација на ОН за образование, наука и култура, што се одржува во кинескиот град Фуџоу.
До расправата за состојбите во Охридскиот регион како заштитено природно и културно наследство од исклучителна универзална вредност, според предвидениот дневен ред од работата на Комитетот има уште пет точки, така што веројатно одлуката по нацрт-извештајот и идниот статус на заштитеното културно и природно наследство ќе биде познат во текот на денот.
Што се однесува на нацрт-верзијата на самата одлука, во неа се нотираат слабостите за односот на државата, институциите, властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид како природно односно културно наследство прогласени за светско богатство и несоодветниот одговор на државата и институциите по забелешките нотирани од Светската организација, со конкретен предлог регионот да биде впишан на Листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност.
Претходно, 34 организации и граѓански здруженија од Македонија и Албанија испратија писмо до Комитетот за светско наследство во кое се бара од УНЕСКО Охридскиот регион да биде впишан на Листата на светски наследства во опасност.
Епилогот од денешната расправа е извесен, голема е веројатноста Охрид и езерото да бидат поместени на листата светски вредности во опасност. Тоа не значи нивно бришење од листата на заштитени природни и културни вредности на УНЕСКО, туку очекувана разврска на она на што беше укажувано години наназад од страна на експертите и критичката јавност, како несоодветно однесување кон брендот признаен од светот. Дел од експертите се уште се на став дека можеби тоа е вистинскиот начин што ќе отвори повеќе можности државата, институциите, градот да добијат помош, искуства и механизми на Светската организација во наредните активности за надминување на проблемите што впрочем и доведоа до сегашната состојба.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари