Loading Video...
Спорт плус
30. July 2020 - 14:56

Охридскиот маратон годинава нема да се одржи

Една од најпрепознатливите и најстари спортски манифестации во нашата земја Охридскиот пливачки маратон, оваа година нема да се одржи.
 
Причината добро позната. Ситуацијата со Корона вирусот. 
 
Како што информираше македонската пливачката федерација, поради пандемијата на Корона вирусот, Светската пливачка федерација (ФИНА) реши да ја откаже целокупната светска серија во маратонско пливање односно сите маратони закажани за годинава. 
 
Почитувајќи ги препораките на Светска Здравствена Организација како и новиот бран на заразени од Ковид-19 ширум светот се причината поради која ФИНА реши да ги откаже сите натпреварувања во далечинско пливање, се вели меѓу другото во соопштението на македонската пливачката федерација. 
 
Така за прв пат по 28 години, најдобрите светски пливачки маратонци нема да ги гледаме во Охрид.