Македонија
21. October 2015 - 15:46

Ограбена црквата „Св.Атанасиј“ во тетовско Волковија

Ограбена е црквата „Св.Атанасиј“ во тетовското село Волковија. Кражбата, според МВР, се случила во периодот од 18 до 20 овој месец од засега непознат сторител.

Крадецот влегол во црквата преку незаклучената влезна врата, го искршил катанецот од железната кутија од каде што одзел одредена сума пари донирани од страна на верниците, по што го напуштил местото на настанот. Причинета е материјална штета од околу 4.000 денари, соопшти денеска МВР. 

СВР-Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителот.