Македонија
15. November 2024 - 17:16

СКОПЈАНЕЦ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Му избегале двајца работници од Бангладеш

Уште еден македонски газда остана без работниците од Бангладеш. Тие избегале, а случајот е пријавен во полиција. 

Во Полициската станица Центар, вчера во 10.10 часот, Ѓ.Т.(62) од Скопје пријавил дека двајца вработени во неговата фирма, А.М.Д.(37) и М.М.С.(36), двајцата од Бангладеш, со привремен престој во Скопје, се оддалечиле од местото каде што престојувале. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Вакви случаи имаше многу. Пред неколку месеци работници од Непал избегаа од државата. Потоа, имаше повеќе слични случаи.

Од македонски фирми избегаа работници од Непал и Багладеш. Пријавени беа бегства во Скопје, Прилеп, Пехчево, Охрид и други градови. Се смета дека тие заминуваат во други држави кои се дел од ЕУ, за да заработат повеќе.