Оглас за наставници по англиски јазик за државно основно меѓународно училиште

Министерството за образование и наука објави оглас за интерес за наставници по англиски јазик кои ќе предаваат во првото државно меѓународно основно училиште. Наставата би почнала во 2016/2017 година, училиштето каде што ќе има настава од прво одделение ќе биде во некое од постојните училишта во Скопје, а предавачите треба да имаат сертификат за познавање англиски јазик.
МОН ќе го реализира проектот во соработка со Британскиот совет-Скопје. Рокот за пријавување на кандидатите заинтересирани да бидат наставници во училиштето е до 25 ноември.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска изјави дека во првата година би била отворена една или најмногу две паралелки, а запишувањето ќе биде без паричен надомест. Појасни дека основните предмети ќе бидат на англиски, а мајчиниот јазик ќе се изучува ккао и во редовната настава. За овој проект се изработени и посебни програми од Бирото за развој на образованието.
- Во најголем дел наставата ќе биде на англиски, на некој начин ќе биде билингвална функционалноста на тоа училиште. Ќе почнеме со една до две паралелки за да го видиме интересот на учениците односно на семејствата кои би сакале да ги вклучат нивните деца во ваков тип на образование на англиски јазик. Се повеќе има интерес кај родителите и децата да учат на англиски јазик, дел од нив се запишуваат во приватни училишта. Затоа како Влада одлучивме прво да најдеме соодветен кадар. Планот е во една од скопските општини, во веќе постојните училишта, да бидат отворени првите паралелки. Потоа, според тоа како ќе се развива интересот, ќе ги определуваме следните чекори. Во овој момент е преамбициозно да дефинираме цело едно училиште што ќе биде училиште во кое се учи на англиски јазик, изјави Ристовски.
По завршувањето на рокот за пријавување, апликантите ќе бидат селектирани од МОН и Британскиот совет. Избраните ќе одат на дополнителна обука за англиски јазик во Британскиот совет и ќе имаат дополнителни психолошко-методски подготовки за спроведување на овој тип настава. Се очекува наставата да почне од следната учебна година. Дотогаш МОН, покрај изборот на кадарот, ќе ја избере локацијата и ќе работи на подготовка на инфраструктурните услови.
Ново на Сител
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
