Официјално отворање на „Дојран – град на култура” на 19 март
На отворената летна сцена на плоштадот „Под јаворите” во Стар Дојран, на 19 март попладне официјално ќе биде отворена манифестацијата „Дојран – град на култура”. Општината е носител на титулата Град на културата за 2016 година откако беше избрана на конкурс на Министерството за култура.
За отворањето на манифестацијата е најавено двочасовно шоу со настап на Каролина Гочева, дуото ДНК и Даниел Кајмаковски. За забава на најмладите ќе настапат членовите од детскиот фестивал „Калинка” и од Студиото за модерен балет „Sweet Dance”. Со неколкуминутен огномет ќе биде означен крајот на концертот и почетокот на целогодишната манифестација „Дојран – град на култура 2016”.
- Во рамки на манифестацијата предвидени се над педесетина настани во текот на целата година, со акцент на летниот период. Мода, концерти, филмски проекции, летно кино на отворено, денови на театар, стендап комедии, ликовни колонии, поетски вечери, фолклорни викенди, Д фестивал, фестивал на боите итн. Целта на манифестацијата е да привлече домашни, но странски туристи, соопшти Општина Дојран.
За манифестацијата ќе има и специјално лого кое Општината ќе го презентира на прес-конференција во недела напладне во „Порта Македонија“ во Скопје, каде што ќе биде претставена и целата програма на „Дојран - град на културата 2016“.
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија