Одрони на патот Делчево – Пехчево
Обилниот дожд кој го зафати Пијанечко-малешевскиот регион создаде проблеми при одвивање на сообраќајот на патниот правец Делчево – Пехчево – Берово. Одрони има кај патот што поминува покрај селото Тработивиште, кај месноста Рибник Желевица, а забележливи се и наноси долж патот кој води кон Пехчево.
Како што јавува дописникот на МИА, во близина на опожарените места покрај патот каде се врши сеча има наноси од земја и дрвна маса, што дополнително го отежнува движењето на возилата.
Од ЈП „Македонија пат“ апелираат брзината на движење да се приспособи на условите на патот и да се почитува сообраќајната сигнализација. Потврдуваат и дека поради врнежите, ситни одрони се забележливи и на патот Делчево – Македонска Каменица, но тие, како и на патниот правец Делчево – Пехчево – Берово, редовно се чистат од страна на екипи на претпријатието.
Поради дождот, сообраќајот во Пијанечко-малешевскиот регион се одвива по влажни коловози.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли