Свет
30. April 2016 - 19:23

Одреден 30-дневен притвор за поранешен косовски пратеник и функционер на ДПК

Судија на Еулекс му одреди мерка притвор од 30 дена на поранешниот пратеник и функционер на Демократската партија на Косово (ДПК), Азем Суља, соопшти основниот суд во Приштина.

Суља вчера им се предаде на косовските истражни органи на границата со Албанија.

Случајот се води под посредништво на Специјалното обвинителство на Косово.

За Суља беше распишана потерница поради сомнеж дека предводел криминална група која со фалсификувана документација продавала општествено и приватно земјиште во околината на Приштина, во вредност од 30 милиони евра.

Еулекс и косовската полиција пред неколку дена по иста основа уапси шестмина осомничени, на кои им е одреден притвор.