Loading Video...
Свет
8. January 2025 - 16:33

Преглед на вестите од светот

Шумските  пожари  што беснеат  во округот  Лос Анџелес, Калифорнија  принудија на евакуација 30 000 луѓе. Зафатена и  елитната населба  пасифик палисејдс  во која куќи  имаат бројни познати  личности. На терен се над 1400 пожарниакри.

Загрозени се над 25 илјади и 700 домаќинства, над 10 илјади и 300 објекти. Во моментов сме благословени што нема пријавено повредени лица, имаме извештаи за повеќе обекти кои се оштетени “, изјави Кристин Кроули – противпожарна служба.

Поради силните ветрови пожарите брзо се шират. Од вчера попладне  до сега пламените јазици  проголтаа  повеке од 2900 хекатри земја.

Никогаш не сум видела ваква огнена бура. Ова е најлошото нешто што можете да го посакате во нечиј живот, настрана смртта.

Премиерот на гренланд муте егеде најави дека деновиве во копенхаген ќе се сретне со данскиот крал Фредерик 10, откако новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна територија на Данска. Трамп, кој официјално ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, синоќа изјави дека нема да ја исклучи можноста за воена или економска акција против Данска со цел Гренланд да стане дел од Соединетите Американски Држави. Гренланд е дом на американска радарска база уште од студената војна и има голема стратешка важност за САД. Трамп кажа дека арктичкиот остров е клучен за следењето на руските и кинеските бродови, за кои рече дека се насекаде.

 Гренланд ни треба за потребите на националната безбедност. Тоа го  кажував  долго време, многу пред да се кандидирам.тоа е за слободниот свет истакна Трамп.

Реакција стигна од Франција-Европската унија нема да дозволи други земји да ги нападнат нејзините суверени граници.

Тоа е европска територија. И така, се разбира, не доаѓа предвид европската унија да дозволи која било нација во светот, која и да е - и да кажам почнувајќи од Русија – на своите суверени граници. Дали влеговме во ера во која се враќа опстанокот на најсилните? Одговорот е да. И така, дали треба да дозволиме да бидеме исплашени, дали треба да дозволиме грижата да не преземе? Секако дека не, истакна жан-ноел баро, францускиот министер за надворешни работи.

Во Тибет продолжува потрагата по прежиевани по силниот земјотрес  што уби најмалку 126 луѓе.  Потресот се случи вчера  утрото и досега  над  400 луѓе се спасени од урнатините. 3600 објкети и куки се урнати.