Одложено рочиштето за „Пуч“

По барање на Специјалното јавно обвинителство денеска повторо е одложено судското рочиште за случајот „Пуч“, каде четвртообвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
На денешното рочиште присуствуваа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителката Ленче Ристова, кои побараа судењето да биде одложено со цел тимски да направат увид во доказите.
Специјалната јавна обвинителка побара од судијата да им биде дадена посебна просторија во судот и пет работни дена за увид во доказите. Нејзиното барање беше прифатено од судијката Љубинка Башевска, која следното рочиште го закажа за 2 март.
На новинарско прашање како ја коментира одлуката за одложување на рочиштето за во март, лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека тоа е логично, затоа што материјалите од судот не се предадени на СЈО и тие, како што додаде, ќе мора постојано да доаѓаат до судот и да ги гледаат доказите за „Пуч“.
- Јас ја имав таа прилика уште во Јавното обвинителството кога беа доказите, заради нивната обемност, посебно заради делот којшто беше доставен од нас и логично е дека треба дополнително време за да се направи увид со постојано доаѓање на доказите во судот, а останатиот дел го оставам како потреба на самото СЈО, рече Заев.
Во случајот „Пуч“ првообвинет е Зоран Верушевски, обвинети се и неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер од општина Струмица. Обвинетите се товарат за шпионажа и за насилство спрема највисоки државни органи.
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
