Одложена седницата на Комисијата за одбрана и безбедност
Денешната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност е одложена поради неусвојување на дневниот ред чија единствена точка беше рагледувањето на Програмата за работа на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2017 година, извештајот за реализирани активности за 2016 година и финасискиот извештај за 2016 година.
Кога се пристапи кон гласање пратеникот Иван Стоиљковиќ од Демокртската партија на Србите во Македонија побара дневниот ред да биде дополнет и предложи да се испрати барање до МВР во кое ќе побара јавно или тајно да ја информира Комисијата како е можно досие на тајната полиција за пратеник да се најде во јавноста и дали е покрената постапка за утврдување одговорност за тоа. При гласањето за дополнителната точка на дневниот ред Стоиљковиќ доби поддршка од членовите на Комисијата од опозицијата, додека колегите од владејачката коалиција гласаа против. Гласњето заврши со шест гласови „за“ и шест „против“ поради што точката не беше прифатена.
Потоа се пристапи кон гласањето на дневниот ред со единствената точка при што членовите од Комисијата од владејачката коалција се изјаснија „за“, а останатите пратеници воопшто не гласаа. Поради тоа претседателот на Комисијата Максим Димитриевски од СДСМ даде половиначасовна пауза, а по нејзиниот истек немаше кворум за работа и ја одложи седницата. За нејзиното продолжение најави дека дополнително ќе ги информира членовите на Комисијата.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка