Одлични рецензии и позитивни коментари за „Медена земја“ во САД
Американските медиуми, меѓу кои и влијателните „Њујорк тајмс“ и „Лос Анџелес тајмс“, објавија одлични рецензии за документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland). Македонскиот победник на „Санденс“, кој застапуван од американската компанија за производство и дистрибуција на филмови „Неон“ од 26 јули се прикажува во кината во САД, ги одушеви критичарите, соопшти продукцијата на филмот.
Во текстот со наслов „Бодежот и благоста“ (The Sting and the Sweetness) критичарот на „Њујорк тајмс“ A.O. Скот вели: „Документарецот за конфликтот на македонската пчеларка со нејзините соседи станува лирска еколошка приказна“. Нагласува дека уште во првите минути документарецот „Медена земја“ е одушевувачки, возвишен, необичен и богат со човечка и природна убавина – како на филм.
– Можеби е необично да се каже за документарен филм, но „Медена земја“ ме потсети на книгата за деца „Лоракс“ од Теодор Гајзел, познат како д-р Сеус. Тоа е одлична, длабока приказна со еколошка порака. Како и насловниот лик во таа приказна, така и Атиџе е еден вид пророк. Таа зборува во името на пчелите, пишува, меѓудругото, рецензентот од „Њујорк тајмс“.
Филмскиот критичар Џастин Чанг во рецензијата за „Лос Анџелес тајмс“ со наслов „’Медена земја’ е потресен документарец за начин на живот што исчезнува“ (‘Honeyland’ is a heartbreaking documentary about a vanishing way of life) вели дека првите сцени од волшебниот и трогателен документарец од режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов се чудесни за гледање.
-…„Медена земја“, кој освои три награди на годинашниот „Санденс“, благородно поттикнува на коегзистирање, за животот во деликатна рамнотежа со природата. Но, исто така станува нешто повеќе: застрашувачка слика на тоа колку брзо и лесно може да се наруши тој баланс…, пушува меѓу другото во рецензијата на „Лос Анџелес тајмс“
„Медена земја“ од 26 јули има кинодистрибуција во селектирани киносали во САД, вклучувајќи ги „Ламли ројал“ (Laemmle Royal) во Лос Анџелес и „Куад синема“ (Quad Cinema) во Њујорк.
Кон крајот на август ќе биде прикажан пред домашната публика, на фестивалот „Македокс“, по што ќе биде на редовниот репертоар во скопските кина.
Ново на Сител
-
Изгоре куќата на Александар Пандов – директорот на управата за извршување санкции смета дека е подметнат
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во дискотека во Кочани
-
Кочани повод за нова интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Во странство остануваат 28 повредени во трагедијата во Кочани - Турција ќе прими до 15 за долготрајна рехабилитација
-
На Македонија и се заканува епидемија од морбили - опфатот лани помал од 2023
-
Ако цените од четврток скокнат - ќе има нови мерки!
-
Државна ревизија открива слабости во договорените јавно-приватни партнерства