Оддел за Неонаталогија на Клиничката болница во Штип
Во штипската Клиничка болница профункционира оддел за Неонаталогија. Педијаторот Марина Гацова истакна дека ако претходно на годишно ниво на детската Клиника во Скопје од источниот дел на државата се хоспитализирале 18 новороденчиња со нарушено здравје, изминатите месеци бројката е сведена на минимум.
- Нашата статистика покажува дека во изминатиот период во Скопје се испратиле едно до две новороденчиња. Ова се должи на фактот што од неодамна профункционира оддел за Неонаталогија, вели Гацова.
Гацова збаележува дека новиот оддел за Неонаталогија располага со целосната апаратура потребна за соодветна здравствена заштита на новороденчињата, а дел од лекарите кои работат во овој оддел беа и на дооусовршување во белградските клиники.
Според податоците на одделението за Гинекологија и акушерство, расте бројот на новороденчињата. Во првите пет месеци од годината се породени над 400 бебиња, а не е регистрирано ниту едно породување со фатален крај.
Ново на Сител
-
Православните верници го слават празникот Успение на Пресвета Богородица
-
Премиерот во посета на РЕК Битола по повод Денот на рударите
-
Мицкоски: За една година го зголемивме двојно реалниот пораст на платите
-
Отворена е нова канцеларија за е-услуги во Свети Николе
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции