Loading Video...
Спорт плус
27. March 2021 - 18:25

Одбојкарките на Вардар се првите финалистки во Купот на Македонија

Одбојкарките на Вардар се првите кои обезбедија пламсна во финалето на Купот на Македонија. 
 
На завршниот турнир што се одржува во Струмица, вардарки во полуфиналниот меч број 1 бо женска конкуренција го победија составот на Работнички со 3:0 во сетови (30–28, 25–21 и 26-24), со што на скопските ривалки не им оставија можност да го браната трофејот освоен пртед две сезони. 
 
Вардарки во утрешното финале закажано за 15 часот ќе играат со победникот од мвториот полуифинален меч во кој домашната Струмица за противник ќе ја има екипата на Јанта Волеј Кисела Вода. 
 
Во машкото финале што ќе се игра утре од 18 часот ќе се сретнат Џио Струмица и Универзитет во Тетово екипи кој вчера со 3:0 во сетови ги добија полуфиналните дуели против Вардар и Шкендија.