Спорт плус
25. March 2023 - 19:02

Одбојкарите на Струмица Никоб старо-новите освојувачи на Купот на Македонија.

 
Во фналето на завршниот турнир што се одржува во „25-ти Мај“ во Радовиш, екипата на Струмица Никоб во три сета го победи велешки ГОК Борец, со што го одбранија трофејот освоен лани.
 
Лесно со само седум загубени поени струмичаби го добија првиот сет. Во вториот велешани беа далеку поконкурентни имаа и водство од 21-19, но со серија 6-2, Струмица го доби сетот со 25-23. 
 
Во третиот, воедно и последен сет, топ вафоритот ја потврди улогата и го доби сетот со 25-18, за кончени 3:0 во сетови. 
 
За струмичани одва е 9-ти трофеј во Купот на Македонија, а вкупно 18-ти во нивната клупска историја.