Одбиени жалбите за притворот на пратениците Димовски и Василевски
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое ги одби жалбите за определување притвор за пратениците Љупчо Димовски и Сашо Василевски и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка.
- Постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка за определување мерка притвор против за С.В. и мерка куќен притвор за Љ.Д., опфатени со предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието на РМ, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 по одржана седница, донесе решение со кое ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка, соопшти попладнево Кривичниот суд.
Василевски е во притвор во Шутка, а Димовски во куќен притвор, откако Собранието им го одзеде имунитетот.
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична