Македонија
15. September 2025 - 8:57

Одбележување на Меѓународниот ден на демократијата

Во Собранието денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на демократијата, со одржување на едукативен семинар на тема: „Демократијата и Собранието“ за ученици од средните училишта.

На отворањето на настанот ќе се обратат Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието и Михал Харари, заменик-амбасадор на Швајцарската Конфедерација.

На тема „Политичка писменост, демократија и активно граѓанство“ ќе говори Томе Гушев, раководител на Одделението за едукација и комуникација, Парламентарен институт на Собранието, а за „Историја на парламентаризмот во Република Северна Македонија“, Соња Стаменковска, советник-историчар, Парламентарен институт на Собранието.

Во рамки на настанот ќе се одржи и работилница: Креативен натпревар „Каква демократија сакам утре? Снимање на тик-ток куси видеа на зададената тема, а потоа ќе има презентација на снимените видеа и дискусија со пратениците. Предвиден е и квиз натпревар: Што знаеш за демократијата и Собранието - формирање мешани тимови (пратеници + ученици). 

 

МИА