Одбележување на Европската недела на безбедност и здравје при работа
Во организација на Министерството за економија и труд, Советот за безбедност и здравје при работа и Канцеларијата на фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје денеска ќе се одбележи Европската недела на безбедност и здравје при работа.
Како што информираат од Министерството за економија и труд, на одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа ќе се обратат министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, претседателката на Советот за БЗР Јасмина Чалоска, програмскиот менаџер на Фондацијата ФЕС Ваљон Садики, националниот координатор на Меѓународната организација на труд Емил Крстаноски, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и претседателката на ОРМ Владанка Трајковска.
На настанот ќе биде доделена Националната награда за компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР - 2024.
Ново на Сител
-
Продолжува периодот на свежи утра, а преку ден сончево и топло
-
Избран нов Управен одбор во М-НАВ
-
Приведен крадец во Куманово
-
Уште една успешна година: Dm drogerie markt со извонреден двоцифрен раст на прометот во деловната 2023/24
-
Откриени фосили од диносаурус во Хонг Конг
-
Кралот Чарлс стана висок поглавар нa Самоа, се напи и психотропна „кава-кава“
-
Шарапова и браќата Брајан нови членови на тениската Куќа на славните
-
Еурофарм Пелистер поразен од Веспрем