Одбележување на Денот на рударите
Во Рудникот Бучим во Радовиш денеска ќе биде одбележан Денот на Рударите и 38 години од постоењето на рудникот. На одбележувањето ќе се обрати вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Во земјава се активни над 120 рудници, а во овој сектор задно со придружните стопански гранки вработува над 10.000 вработени.
Индустриското производство во секторот рударство во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година бележи пораст од 7,5 проценти, а прометот за истиот период пораст од 1,2 отсто.
По повод Денот на рударите на најуспешните рудари им се доделуваат плакети и благодарници. Годинава плакетите и благодарниците на 18-те најуспешни рудари им беа врачени на 25-ти овој месец од страна на министерот за економија Крешник Бектеши.
Признанијата се доделија по десетти пат на најдобрите рудари, номинирани од нивните работодавци за постигнувањата изминатата година, како награда за нивната професионална преданост и одговорност.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува со „Новогодишната кошничка“ да се заштити семејниот буџет
-
Македонија го дозна својот пат до Светското фудбалско првенство 2026
-
Овчите сипаници најчесто акутно заразно заболување во ноември, раст од 29,9 отсто во однос на октомври
-
Рокас: Во тек се многу дипломатски активности за евроинтегративниот процес на Северна Македонија
-
Соработката помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и Сојузот на пензионери, тема на седницата на Извршниот одбор
-
Приведен кадец во Струмица
-
Законот за јазици ќе чека до март
-
Ахмети: Отпор ќе има