Од задутре нова автобуска линија „2Б“ од село Сарај до Ченто
– Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје соопшти дека од понеделник (5 септември) ќе почне да функционира новата пробна линија „2Б” на релација с.Сарај до населба Ченто и обратно. Почетна/крајна станица на „2Б” во с.Сарај ќе биде на почетно/крајната станица на „2″
Трасата на „2Б” ќе биде идентична со трасата на „2″ од Сарај до постојката Алкалоид во Автокоманда, потоа ќе продолжи по булевар „Александар Македонски”, па улица „М.А.Ченто” до населба Ченто (почетно-крајна станица на линиите 23 и 45)
По посочената траса ќе сообраќа и во обратна насока (Ченто – Сарај). Линијата „2Б” ќе функционира од понеделник до петок. Возен ред: Од Сарај: 7.07 ч, 9.18 ч, 11.28 ч, 13.31 ч, 15.49 ч и 17.55 ч., а од Ченто: 6 ч, 8.10 ч, 10.20 ч, 12.30 ч, 14.40 ч и 16.50 ч.
Со воведувањето на линијата „2Б” ќе се исполни повеќегодишното барање на локалното население од Ченто со цел подобра и директна побрзаност на населбата со јавен превоз со останатите делови од градот, информираат од ЈСП Скопје.
Ново на Сител
-
Изборна кампања
-
Ќе се реновира железничката станица во Скопје
-
ММФ предвидува раст на македонската економија од 3,4% годинава
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини во официјална посета на Македонија
-
Фон дер Лајен утре во Скопје, најавува фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
-
Уште 4 дена предизборна кампања, Мицкоски и Филипче си разменуваат обвинувања
-
Пакет мерки за пензионерите најавува Орце Ѓорѓиевски