Македонија
6. јуни 2024 - 8:18

Од утре времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Прилеп-Крушево - Сладуево

Од утре сообраќајот на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево - Сладуево ќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Како што информираа од АМСМ, времената измена на сообраќајниот режим е заради започнување со градежни активности во врска со проект санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600.