Од утре најавен прекин на железничкиот сообраќај
Железничкиот сообраќај од утре во 7 часот ќе биде во прекин поради неисплатен втор дел од платата за октомври, најавија претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во Железници на РСМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски.
Како што изјави Чакаровски за МИА, со овој чекор всушност се реализира нивната најава за прекин на работата доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатен вториот дел од платата за претходниот месец.
Машинскиот и извршниот персонал во Железницата го прекинаа железничкиот и товарниот сообраќај и на 1 ноември, поради неисплатен втор дел од септемврриската плата. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден.
Во одлуката е наведено и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, како и дека во спротивно, нема да работат веќе од наредниот ден.
Ново на Сител
-
Голем шумски пожар северно од Лос Анџелес, издадена наредба за евакуација
-
Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам
-
Обвинети во притворен центар во Русија зеде двајца полицајци како заложници
-
Најмалку 10 луѓе, меѓу кои и деца, се застрелани во приградски воден парк во областа Детроит
-
Сончево и топло со локална облачност, температура до 35 степени
-
Сиљановска Давкова ќе се обрати на Самитот за мир во Украина, што се одржува во Бургеншток, Швајцарија
-
Втор ден од мировниот самит за Украина во Швајцарија
-
Од 9 часот утрово во прекин сообраќајот од излез Нов Дојран до влез Стар Дојран