Од Србија непречено може да се увезува компримиран природен гас
– Капацитетите што се затоплуваат со компримиран гас ќе можат непречено да набавуваат ваков енергенс од Србија, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Од Србија, како што кажа, имаше забрана за извоз на гас поради што до Владата се обратија дел од институциите од образованието и здравствениот сектор што користат компримиран гас што со специјални цистерни се транспортираше во земјава во текот на изминатите години.
-Со цел да не останат без овој енергенс стапивме во контакт со премиерката на Србија и по интензивна комуникација врз основа на наше барање беше донесена одлука на Владата во Србија за изземање на Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас. Испораката на гас тековно се случува. Имаше забрана од неколку дена, но таа веќе не постои со што веројатно и денеска се испорачува, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при пуштањето во работа на новата американско-кинеска инвестиција во ТИРЗ Скопје.
Во врска со понудите што пристигнаа до АД ЕСМ на тендерот за набавка на природен гас за потребите на топланите во Скопје истакна дека за тоа треба да одговорат од компанијата.
-Тоа е прашање кое може да го одговори директорот на ЕСМ, бидејќи тоа е институцијата во која се доставуваат понуди за енергенси. Во однос на снабдувањето со гас за когенеративната електроцентрала ТЕ-ТО штом ќе има понуди кои се според стандардите и критериумите за набавка тогаш тие ќе мора да стапат во контакт со ТЕ-ТО, бидејќи е приватна компанија со која доколку има понуди со соодветна цена од која може да се произведе електрична енергија со прифатлива цена ќе може да склучат договор и да произведува струја. Согласно тоа, сите одговори во делот на процедурата за прибирање на понуди и нивна евалуација може да ги дадат од компанијата, бидејќи Владата не учествува во евалуација на понуди за енергенси, рече Ковачевски и додаде дека во Владата нема архива за прибирањето на понудите.
Ново на Сител
-
Лавров: Мировниот договор за Украина сè уште треба да се „дотерува“
-
МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје
-
Зеленски: Русите се обидуваат да ги искористат воздушните напади како параван за копнени напади
-
Мисијата КФОР е проширена со војници од Белгија, Луксембург и Холандија
-
Трамп: Подготвеноста на Русија да не ја освои целосно Украина е „многу голема отстапка“ од Москва
-
За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, во Собранието нема нова распределба на пратеници
-
Шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ во официјална посета на земјава
-
Променливо облачно со дожд и грмежи