-->
-->
Од што почина малиот Матија: Првите резултати од обдукцијата на момчето кое почина во градинка!
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/february/85991_1d-38881.jpg?itok=ftDtcpkb)
Според првите резултати од обдукцијата, која била изведена на Воената медицинска академија во Белград, момчето пред смртта било целосно здраво.
- По судската обдукција првите резултати покажаа дека детето е здраво, без наследни здравствени проблеми или други болести. Се претпоставува дека станува збор за синдром на ненадејна смрт која се појавува кај мали деца. Се разбира, ова се само првите резултати, а деталниот извештај ќе го имаме кога ќе заврши целиот процес, - откриле од институцијата.
Педијатарот, д-р Саша Миличевиќ предупредува дека таканаречениот синдром на ненадејна смрт се појавува од, за медицината, се уште непознати околности.
- Синдромот на ненадејна смрт влијае кај бебиња и децата до втората година. Тој не е познат за медицината, но за жал против него нема лек. Проблемот е што децата кои умираат под вакви околности се целосно здрави. Едноставно застанува срцето и тие престануваат да дишат. Медицината се уште не ги утврдила околностите ниту причината за смртта - обаснил д-р Миличевиќ.
Дека срцето на момчето не чукало и дека во болница е примено без пулс, потврдил директорот на Универзитетската болница во Тиршов, д-р Зоран Радојчиќ, пишува „Информер“.
- На приемот детето не дишеше и неговото срце не чукаше. По повеќе од 45 минути реанимација лекарите ја утврдиле смртта на детето. Во истрагата се вклучени и инспектори и јавен обвинител - изјавил Радојчиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра