Од почетокот на месец октомври 2.267 сообраќајни прекршоци
Во периодот од 01.10.2025-05.10.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.267 издадени платни налози, 514 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 22 лица, од кои 18 за возење под дејство на алкохол, четворица за возење со брзина поголема од дозволената во населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 605 прекршоци за неправилно паркирање, 258 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 73 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 32 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и тројца пешаци и 26 возачи на електрични тротинети. Исто така санкционирани се 111 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 73 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 29 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 30 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-
Дојава за бомба кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
Четворица дебрани на семејна веселба пукале со пиштоли, поднесена кривична пријава
-
Тетовец при расправија извадил пиштол и му се заканувал на својот брат
-
По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија
-
Едно лице почина, а четворица се повредени по тешка сообраќајка на патот Штип-Кочани
-
ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација
-
Кај 68-годишник од Скопје пронајдени марихуана и засадени стебла канабис
-
Фон дер Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно, се соочуваме со хибридна војна