Македонија
8. October 2025 - 14:59

Едно лице почина, а четворица се повредени по тешка сообраќајка на патот Штип-Кочани

На 07.10.2025 во 09:18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип - Кочани, во близина на с.Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М.(32) од с.Трубарево, скопско и патничко возило фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани.

Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи и Б.Д.(33) од с.Љуботен, скопско, Д.З.(36) од с.Трубарево и И.М.(21) од с.Трубарево, сопатници во возилото рено“, и по укажаната помош во болницата во Кочани, 22-годишната И.М. е пренесена во приватна болница во Скопје, додека останатите се пренесени во Комплексот клиники Мајка Тереза" во Скопје.

Од здобиените повреди Б.Д. починал, а кај Х.М. се констатирани тешки телесни повреди. Додека, кај останатите се констатирани телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Штип ОВР Кочани.