-->
-->
ОН: Од почетокот на годината близу 20.000 Авганистанци принудно ги напуштиле своите домови
-->

Конфликите во Авганистан принудија речиси 20.000 луѓе да ги напуштат своите домови од почетокот на годината, покажуваат податоците со кои располага ОН.
Според Канцеларијата за координација на хуманитарните активности на ОН, 18.500 Авганистанци биле принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на годината или во просек по 385 луѓе дневно.
Принудно иселување е регистрирано во цел Авганистан, но најчесто од источните и западните делови на земјата, наведува ОН.
Поради конфликтот, во 2017 година домовите ги напуштиле 460.000, а во 2016 година - над 660.600 Авганистанци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Украинците не изразија никаква благодарност за нашите напори
-

„Рома“ ги демантираат институциите
-

Неовластено влегол во Воениот полигон „Криволак“, приведен маж од неготинско
-

Сијарто: За да се избегне трета светска војна, ЕУ и Украина треба да се согласат со американскиот мировен план
-

Излегоа ждребовите за нашите репрезентативци кикбоксери
-

Ивановски: Нашата цел е да изградиме двоколесечна електрифицирана пруга до 200 км на час за патнички и 120 км на час за товарен сообраќај
-

Митева: Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД
-

Елмас прослави јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи
