„Од објект до субјект - Македонија во меѓународните односи“ нова книга на Виктор Габер
Во издание на фондацијата „Фридрих Еберт“ излезе од печат книгата „Од објект до субјект – Македонија во меѓународните односи“ на дипломатот и истражувач на државно-правната историја на Македонија, Виктор Габер.
Во оваа студија тој се осврнува на генезата на традиционалните, културните, и политичките услови за формирање на масовно чувство и потреба од постоење на самостојна македонска држава. Во книгата опширно се следат овие процеси сè до предизвиците за зачувување на статусот на суверена и независна држава, субјект на меѓународната сцена, на актуелната политичка карта на светот.
Во препораките за книгата на Габер се нагласува дека таа излегува од класичната историска наративна фактографија, додавајќи му го на текстот потребниот теоретски пристап од областа на идентитетите, антропологијата и културолошкиот контекст.
Ново на Сител
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз
-
Климатските промени го уништуваат езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Светска банка: Со ваков раст на БДП стандардот на европските граѓани ќе го стигнете за 60 години
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“