Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме ќе има денеска попладне, во текот на ноќта и утре претпладне, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Според прогнозата на УХМР, до четврток и особено тој ден ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
Повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи ќе има и во Скопје во текот на ноќта и утре претпладне.
- Нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде и во четврток, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
УХМР укажува на поголема внимателност при грмотевици и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
МИА
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција