Спорт плус
2. August 2021 - 10:58

Од ИОК потврдија - Белоруската атлетичарка Тимановска е безбедна во Токио

 
Белоруската атлетичарка Кристина Тимановска, која одби да се качи на летот за Белорусија и рече дека нејзиниот тим ја однела на аеродром против нејзината волја, е „безбедна“ во Токио, објави Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
 
„Тимановска (24) ја помина ноќта во аеродромскиот хотел, откако синоќа побара заштита од јапонската полиција на аеродромот Ханеда“, изјави на прес -конференција портпаролот на МОК, Марк Адамс.
 
Таа за новинарот на Ројтерс преку апликацијата Телеграм потврди дека главниот тренер на Белорусија синоќа се појавил во нејзината соба во Олимпиското село и ја принудувал да замине со него.
 
"Главниот тренер ми пријде и рече дека добил наредба" одозгора "да ме отстранат. Во пет часот (попладне) дојдоа во мојата соба, ми рекоа да се спакувам и ме однесоа на аеродром", напишала Тимановска во порака
 
Сепак, атлетичарката од Белорусија одби да се качи на летот и рече дека нема да се врати во Белорусија.
 
Тимановска може да поднесе барање за азил во Германија, објави синоќа  весникот Токио Спорт, повикувајќи се на свои извори, дека Тимановска планира да поднесе барање за азил во Австрија.
 
Белорускиот олимписки комитет претходно објави дека тренерите одлучиле да ја донесат дома поради нејзината психолошка состојба, и требаше да учествува на трките на 100 и 200 метри, објави претходно агенцијата ТАС .
 
Претходно, белорускиот опозициски спортски фонд за солидарност изјави дека Тимановска наводно била принудена да го напушти Токио поради критиките што ги упатила кон тренерот.
 
Во целиот случај покрај Интернационалниот Олимписки Комитет, јапонските власти се вклучи и меѓународната заедница преку УНХЦР.