-->
-->
Од Интерпол очекуваат напади за време на транспортот на вакцините за Ковид-19
-->
– Генералниот секретар на Интерпол Јирген Шток денеска предупреди дека со испораката на вакцини против коронавирус, се очекува „драматично“ зголемување на криминалот.
– Со испорака на вакцини, криминалот драматично ќе се зголеми, рече тој во изјава за германскиот весник „Виртшафтсвохе“.
Како што изјави, „ќе бидеме сведоци на кражби, провални кражби во магацини и напади за време на транспортот на вакцините“.
Во Германија, федералната полиција е одговорна за доставување вакцини што ќе се чуваат на тајни места.
Европските здравствени власти денеска треба да одлучат за пласирање на првата вакцина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата и ги повика и граѓаните да го сторат тоа
-
Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола
-
АХВ со стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици
-
Рубио: Се надевам на скоро дипломатско решение за завршување на војната во Украина
-
Хајди Клум, со својот фустан, ги прекрши правилата на Филмскиот фестивал во Кан
-
Појавата на проширени вени можно поврзана со развој на деменција
-
Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје