-->
-->
Од гробот исчезнало телото на покојниот, семејството во шок
-->
Братот на починатиот во полиција пријавил дека телото исчезнало од семејната гробница на мостарските гробишта, десет дена по погребот.
Дарко Видиќ погребан е на 12 септември оваа годинина на гробиштата во Мостар, но неговото тело исчезнало.
Како што пишува Дневни лист, братот на покојниот Дубравко Видиќ во полицијата на 16 ноември пријавил дека од гробницата исчезнало телото на неговиот брат. Според неговите зборови, семејството е шокирано. Незнаат кој го украл телото од гробницата, каде го однел и зошто воопшто е украдено телото.
- Пред десетина дена приметивме дека на гробот го нема крстот со името на мојот брат. Ни беше чудно, но не реагиравме. Мислевме дека е дело на некои вандали. Некаде пред Задушница, забележав дека плочата на гробот е поместена. Ни тогаш не ми дојде на памет она најлошото. Постојано размислував што можело да се случи бидејќи ми беше многу чудно, го немаше крстот а и плочата беше поместена. Можете да замислите како се чуствував кога видов дека телото на мојот брат го нема во ковчегот. Се обратив во погребалната служба и секој кој би можел да има некакви информации за исчезнувањето на телото од ковчегот. Никој ништо не знаеше. Од полицијата не добив никаква информација. Незнам што да правам, кажал за Дневни лист Дубравко Видиќ.
Напоменал дека повторно ќе оди во полиција, и дека нема да престане да бара се додека не го најде телото на неговиот брат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум