Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион
Од Меѓународниот аеродром Скопје вечерва стартуваа првите летови за Барселона и за Лион на нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Како што информира ТАВ Македонија, за Барселона полетаа 161 патник, а за Лион 180.
На релацијата Скопје - Барселона - Скопје, „Виз ер“ ќе лета секој вторник и сабота, додека летовите до Лион ќе се одвиваат три пати неделно, секој вторник, четврток и сабота.
-Со ова се исполни повеќегодишното барање за враќање на директната авиоврска меѓу Скопје и Барселона, на големо задоволство на сите вљубеници во овој град на уметноста, историјата, архитектурата и спортот. Истовремено, благодарение на „Виз ер“, за граѓаните се отвори сосема нова туристичка дестинација од Меѓународниот аеродром Скопје, францускиот град Лион, еден од најголемите гастрономски центри во светот, кој важи за срцето на француската кујна, наведува ТАВ Македонија.
Авиобилетите се достапни и може да се резервираат на https://www.wizzair.com/.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата