Бизнис
6. July 2017 - 19:45

Од денес пријавување за земјоделски субвенции вредни 160 милиони евра

Почна аплицирањето за земјоделските субвенции за годинашнава реколта. Како што информираше ресорниот министер, сите пречки се отстранети и земјоделците електронски ќе може да ги поднесат барањата најдоцна до 15 ти септември. Оние пак кои имаат проблеми и не можат сами да аплицираат, да побараат помош во подрачните единици најдоцна до 30ти август.  Вкупната поддршка за аграрот изнесува 160 милиони евра.

- Апелирам до земјоделците, да го испочитуваат рокот за аплицирање, за да може поднесените барања навреме да се обработат и субвенциите да се исплатат согласно предвидениот распоред во текот на годината кој е усогласен со типот на земјоделското производство, рече министерот.

Николовски информираше дека вчера на сметките на земјоделците биле пуштени 30 милиони денари субвенции за минатата година. Забрзано се работи на расчистување на сите заостанати обврски од претходните години.

Во следниот период ќе се анализираат ефектите од доделените субвенции досега, а ќе се ревидира и распределбата на државното земјиште.

-  мора да се истражи како е можно толку многу пари да се вложуваат во земјоделството, а притоа Македонија да увезува огромно количество храна.Ќе ги апсорбираме сите стручни капацитети за правилно ориентирање на земјоделството, за остварување поголем принос и извоз, поголема конкурентност, квалитет и индустријализација, истакна Николовски.

Стручниот тим ќе бидe задолжен и за ревизија на распределбата на земјоделското земјиште, за реорганизација на парцелите, консолидација на обработливите површини и ревитализација на системите за наводнување како приоритетни активности.

Во однос на откупот на пченицата и ниската цена која ја нудат откуупувачите Николовски посочи дека во игра се две мерки. Дополнителни субвенции или интервентен откуп. До крајот на јули ќе се знае на кој начин државата ќе помогне.