Од 8 до 20 мај затворање на пругата од Велес до Гевгелија
Од 8 до 20 мај, во периодот од 9:30 до 19:00 часот, поради ремонт ќе биде затворена за сообраќај пругата од Велес до Гевгелија. Како што информира ЈП ЖРСМ Инфраструктура, во овие денови од месецот, возот број 632 на релација Гевгелија – Скопје од почетна станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути, односно во 18:20 часот.
На 14 мај, недела, возот 632 на релација Гевгелија – Скопје ќе сообраќа по возен ред.
-Поради изведување градежни работи при реализација на ремонт (промена на свртници) од страна на изведувачот „Штрабаг“ на пругата Велес – Гевгелија, во крст Кукуричани (свртница бр.1 и свртница бр. 4) и во станица Криволак (свртница бр. 1а, свртница бр.1 и свртница бр. 5), поради специфичноста на работите се одобрува затворање на пруга со исклучување на напонот во возниот вод во време од 9:30 до 19:00 часот, во деновите од 8 до 20 мај, вклучувајќи ја и сабота, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.
Ново на Сител
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци
-
Преглед на вестите од светот
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска