Од 50 до 90 проценти е мрзнењето кај лозјата во кавадаречко Сопот
Од 50 до 90 проценти е мрзнењето од пролетните ниски температури кај лозовите насади во кавадаречко Сопот, информира денеска Васко Керов, претседател на Општинската комисија за проценка на штети при кавадаречката локална самоуправа.
- Се работи за поголемо оштетување од мрзнење. Кај овошните видови како кајсии, сливи и праски, оштетувањето е од 80 до 100 отсто. Површините кај кои има мрзнење се главно до реката. На земјоделските површини кои не се покрај река, скоро и да нема мрзнење, појасни Керов.
Тој информира дека 44 земјоделци од Сопот пријавиле штети од мрзнење, откако општината со јавен повик ги повика да пријават сите кои претрпеле последици од невремето.
Само кај еден земјоделец, според Керов, штетета била на поголема површина, кај останатите се работело за штети на површина од 1 до 10 декари.
Ново на Сител
-
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
-
Без струја делови од Кисела Вода и Сарај
-
Членовите на АФЕТ ќе гласаат по извештаите за Црна Гора и Молдавија
-
Антетокумпо подготвен да ги напушти Милвоки Бакс
-
Романец ќе го суди финалето помеѓу ПСЖ и Интер
-
Конте: Играме над нашите можности, благодарност на играчите за тоа
-
Рекордна заработка од „Ел класико“
-
Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно на клупата на Бразил