Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници

Променливото време со повремени врнежи од дожд ги одржува земјоделските култури во активна состојба, со доволно влага во почвата, но претставува и своевиден ризик за појава на плевели, болести и штетници поради големата релативна влажност на воздухот, велат агрометеоролозите од УХМР.
Поради тоа препорачуваат производителите да посветат поголемо внимание на заштита на посевите.
Според агрометеоролозите, новите врнежи прогнозирани за оваа недела ќе придонесат за дополнување на вештачките акумулации.
- На некои места, претежно во североисточните и источните подрачја, минатата недела имаше поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер (над 60 km/h) и со изолирана појава на град. Тоа нанесе штета кај некои земјоделски површини. Ноќта во петокот кон саботата и во саботата претпладне беше нестабилно со локални поројни врнежи од дожд и грмежи. Преодно стабилизирање на времето имаше во недела, а денеска, како и вчера, се очекуваат повремени врнежи. При вакви временски услови земјоделските производители треба да посветат поголемо внимание на заштита на посевите од плевели, од појава на болести и штетници, да преземат содветни агротехнички мерки поради постоење оптимални услови за нивно ширење и развој, советуваат агрометеоролозите.
Воедно предупредуваат производителите да преземат мерки за уништување на плевелите како што е плитката обработка на почвата, бидејќи нивната појава може значително да ги намали приносот и квалитетот.
- Треба да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води. Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува под отворен простор, порачуваат агрометеоролозите.
Ново на Сител
-

Утре дожд и снег на планините, од петок стабилизирање на времето
-

Украина го објави ревидираниот мировен план од 20 точки, изготвен со САД
-

РКЕ: Зголемено отчитувањето на броилата - 95 отсто на тримесечно ниво, воведени нови мерки за подобра услуга
-

Поради немање кворум одложена седницата на Судскиот совет
-

Апел за помош: Исчезнат е скопјанец, семејството бара помош од граѓаните
-

100 нови амбулантни возила и решавање на паркингот во Клинички центар
-

Пронајдена марихуана при претрес во Штип
-

Скопјанец физички нападнал полицаец кој вршел службени задачи
