Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
Судот во Тетово го осуди две години казна затвор обвинетиот Менсур Пајазити кој ја прегази 22 годишната Теодора Ристев
На денешното рочите се појави и Пајазити, а откако му беше прочитано обвинението, истиот ја призна вината.
Тој е обвинет дека во септември 2022 година, ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска. Претходно, тетовскиот суд пресуди три и пол години затвор за возачот. Тој ја обжали казната, а Вишото јавно обвинителство во Гостивар ја прифати жалбата, а Апелациониот суд во Гостивар ја намали казната на Пајазити на две години затвор.
Претходното рочиште, пред две недели, беше одложено, бидејќи, како што тогаш информираше судијата, обвинетиот бил на лекување и не може да присуствува.
Пајазити е обвинет за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од ставот 4 за кој е предвидена затвор од една до пет години.
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен