Од 1 јуни уверенија и потврди во Кривичниот суд на еден шалтер
Основниот суд Скопје 1 - Скопје информира дека од 1 јуни годинава сите уверенија и потврди од казнена и кривична евиденција ќе се поднесуваат и издаваат на еден шалтер во зградата на Судот на бул. „Гоце Делчев“ б.б.
- Имено уверенија дека не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, како и другите уверенија од прекршочната евиденција кои досега се поднесуваа и се издаваа во Одделот за прекршоци на Основниот суд Скопје 1 - Скопје кој се наоѓа во бараките во Градскиот парк, од сега ќе се поднесуваат на шалтер број 14, а ќе се издаваат на шалтер бр. 15 кои се наоѓаат на влезот од судската зграда, каде воедно се поднесуваат и издаваат уверенија од казнена и кривична евиденција, соопштуваат од скопскиот Кривичен суд.
Промените, како што посочуваат, се воведуваат по барање на граѓаните кои за сопствени потреби најчесто поднесуваат барања за издавање потврди – уверенија и од казнена/кривична и од прекршочна евиденција што досега се вршеше на две различни места што претставуваше дополнителен товар за странките.
Од Судот ги информираат сите компании, институции и останатите субјекти кои за конкретни потреби бараат од граѓаните да им достават било каква потврда - уверение, кое се издава од Кривичниот суд во Скопје да прецизираат каква потврда - уверение бараат, бидејќи таканареченото уверение за неосудуваност подолго време наназат не се издава, а наместо тоа се издаваат уверенија - потврди од кривична или уверенија од казнена евиденција.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица