-->
-->
Очекувано Барселона финалист на „кралскиот куп“
-->
Екипата на Барселона ќе игра во финалето на шпанскиот фудбалски куп, откако беше поуспешна во полуфиналната пресметка со Валенсија.
Во реваншот синоќа на „Местаља“ резултатот беше нерешен 1:1, па убедливата победа на Каталонците од 7:0 на првиот дуел се покажа како пресудна за вкупниот победник.
Алваро Негредо во 39.минута го отвори резултатот обезбедувајќи водство за Валенсија, додека Барселона изедначи преку Вилфрид Каптум на шест минути пред крајот.
Тренерот на гостите Луис Енрике на овој меч извади состав главно од фудбалери кои не добиваат минутажа или многу малку играат во првенството.
Барселона во финалето ќе игра најверојатно со Севиља која на првиот дуел од полуфиналето ја победи Селта со убедливи 4:0.
Реваншот од овој двомеч е вечер во Виго од 20 часот и 30 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска