Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани
Државното јавно обвинителство попладнево соопшти дека е доставен предлог до Основниот суд во Кочани со кој за поранешен министер и државен секретар во Министерството за економија се бара замена на изречената мерка „притвор“ со „куќен притвор“ во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Од Обвинителството не прецизираат за кој поранешен министер за економија и поранешен државен секретар се работи.
- Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени - поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор. По предлoзите на обвинителството ќе одлучува Судот, се наведува во соопштението.
Обвинителството информира дека се привршуваат распитите на очевидците на настанот и дека интензивно се работи на повеќе вештачења.
- Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика. Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди, наведуваат од Државното јавно обвинителство.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи ноќта на 16 март загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени.
Ново на Сител
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош