Обвинителството бара притвор за лицето кое се сомничи дека извршило обљуба врз малолетничка
Основното јавно обвинителство Струмица бара притвор за 49-годишниот жител од општина Конче кој се сомничи дека во повеќе наврати извршил полови дејствија врз малолетничка. Притворот се бара поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.
- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 49 години за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз малолетно девојче кое не наполнило 15 години. Осомничениот жител на село во општина Конче во повеќе наврати ја допирал малолетничката, сторувајќи продолжено кривично дело согласно член 188 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.
Претходно, Министерството за внатрешни работи информираше дека е приведен 49-годишниот Ј.К. од село во општина Конче кој се сомничи дека во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година.
Ново на Сител
-
Александар Глигоровски од Пробиштип е 61-вата жртва на трагедијата во Кочани
-
Таравари: Немаме понуда од „Влен“ да се споиме во една партија, ако тие сами одлучиле, нека го задржат името „Влен“
-
Макрон: Русија треба да престане да ги одложува тактиките и да прифати примирје со Украина
-
Зеленски: Путин не сака крај на војната
-
61-ва жртва на трагедијата во Кочани
-
Во Дуизбург 17 училишта останаа затворени поради закани од екстремната десница
-
Кина: Американските царини се економска „злоупотреба“
-
Телото на Карадакоски донесено во Македонија, утре ќе биде погребан во Кочани