Обвинителство отвори две истраги за откриениот нелегален алкохол во Кавадарци
- Основното јавно обвинителство Кавадарци ја извести јавноста за пронајдените над 9.000 литри ракија. Имено, во текот на изминатите денови извршен е претрес на повеќе локации при што во правното лице Анго – Вест од Кавадарци пронајдени се и одземени 2.688 шишиња од еден литар со натпис „Стара жолта лозова ракија“, 2.244 шишиња од 0,7 литри со етикета „Стара жолта лозова ракија“ и 4.636 шишиња од 0,7 литри со етикета „Стара жолта ракија“, информираат од ЈОРМ.
Во правното лице Винарска визба „Повардарие“ – Неготино пронајдена е помала количина ракија со етикета „Вино Жупа“ од Србија.
Во исто време од страна на јавен обвинител сослушани се лица вработени во Винарската визба „Повардарие“ од Неготино кои учествувале во производство и дистрибуција на пронајдениот алкохол. Издадена е наредба за одземање на компјутерската опрема и документација каде се води евидентирањето на производството и продажбата на алкохолот.
- За осомниченото лице до судијата на претходна постапка е доставен Предлог за определување на мерки на претпазливост и тоа одземање на патна исправа, возачка дозвола, забрана за преземање работни активности во двете правни лица и јавување еднаш седмично во Основниот суд Кавадарци. Предлогот на јавниот обвинител е прифатен од страна на Основниот суд Кавадарци и со Решение на осомниченото лице му се изречени предложените мерки, се вели во соопштението од ЈОРМ.
Во него се додава и дека во тек се други активности што се преземаат во координација со Министерството за внатрешни работи и Царинската управа, а се во насока на прибирање на докази и расветлување на случајот.
МВР во саботата информираше дека во саботата биле откриени над 9.000 шишиња алкохол спакувани во количина од по 0,7 литри или литар, кои немале маркица за акцизи, во правно лице во Кавадарци, а управителот е лишен од слобода за да се испита и да се приберат информации за пронајдената стока.
Ново на Сител
-
Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот
-
Уапсен 36-годишник од Радовиш, се обидел да изврши тешка кражба
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде апсолутен победник на локалните избори
-
На Санторини без поголем земјотрес во текот на ноќта, Мицотакис изразува умерен оптимизам
-
Во Србија продолжуваат протестите и блокадите на студентите
-
Приведен малолетник во Центар заради поседување марихуана
-
49-годишен германец уапсен на „Табановце“, во возилото имал, дрога, ножеви и солзавци
-
ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено